1. Планирање на системот

  • Одредете ја локацијата на колекторите, на јужна страна, со добра изложеност на сонце.

  • Измерете ги потребите за греење на просторот и изберете соодветен број колектори.

  • Димензионирајте го воздуховодот , позицијата на каналите и протокот на воздухот.

2. Поставување на воздушните сончеви колектори

  • Монтирајте ги на фудамент, фасадно на ѕид или на кров под агол, зависно од намената.

3. Поврзување на влезот и излезот

  • Излезниот отвор од колекторот треба да биде поврзан со просторот што се загрева.

  • За квоздуховод, користете материјали со добра термоизолација.

 

4. Вентилатор и регулација

  • Инсталирајте вентилатор за циркулација на воздухот. Вентилаторот може да биде соларно напојуван или поврзан со електричната мрежа

  • ·Додајте контролен систем за автоматско вклучување  и исклучување на вентилаторот..

5. Систем за заштита

  • Вградете неповратен вентил (клапна) за да спречите обратна циркулација на воздуот.

  • Додајте отвори за истекување на кондензација и место за излегување на прегрејан воздух.

6. Тестирање и оптимизација

  • Прилагодете ја брзината на вентилаторот и изолацијата на каналите ако е потребно.

  • Проверете го протокот на воздух и температурата на излезот. Упатство за употреба

 

Напомена: Доколку немате искуство, препуштете ја монтажата на фирма од оваа област ( монтажа на сончеви системи, вентилација...).

 



tel. office  ++389-32-606983, mob.tel. +38975462473,   e-mail  z.trajkov@gmail.com,  Copyright © 2025 year   All rights reserved             founded 1995 y. 31 year experience   Производителот го задржува правото на промени без претходна најава  

Техничките податоци за воздушните сончеви системи се информативни и добиени во контролирани услови. Реалните перформанси зависат од сончевото зрачење, условите на инсталација и користење и може да отстапуваат. Сликите се илустративни.