Споредба на соларни системи

Со вакуумски и со рамни колектори

Вакуумски солар систем со стаклени цевки кој дава топла вода без притисок

Соларен систем со рамни колектори кој  дава топла вода под притисок

 

Напомена

 

Кој систем дава повисока температура на водата ?

Вакуумскиот дава повисока температура во зима, бидејќи директно се загрева водата

Кај сол.систем со рамни колектори има повисока температура во пролет, лето и есен.

Кај вакуумскиот соларен систем автоматски 3 пати во денот се вклучува ел.грејач, ако нема сончева енергија. Оваа опција може да се исклучи, но температурата на водата ќе биде пониска. Кај плочестиот колектор, догревањето со струја е исто како кај класичен бојлер. Вие кога сакате - тогаш го вклучувате електр. грејач за да се догрее водата.

 

Големина на активна површина за прием на соларна енергија

 

од 0,8 до 1,8 m2

 

од 2.0 до 6.0 m2

Вакуумските цевки ја примаат соларна енергија под било кој агол, но се ствара сенка помеѓу од една на друга цевка (ако аголот на сончево зрачење е мал). На пладне,кога сонцето е под прав агол под вакуумски цевки треба да има рефлекторска површина за да се надополни загубената енергија во празниот простор помеѓу вакуумските цевки.

Максимална измерена температура на вода во сол.бојлер

 

99 C

 

115C

Отчитувањето на температурата кај вакуумски системи се гледа преку контролерот, а кај плочестите преку LCD покажувач на температура

Дебелина на стакло

1,6 мм

4 мм

 

Стакло издржува удар од град до:

20 мм

40 мм

Не даваме писмена гаранција на соларен систем со вакуумски цевки од удар на град. Кај плочестиот колектор има гаранција,поради сигурносно стакло.

 

Колкава е отпорноста на соларниот систем од студ.

 

До -35 C

 

во колекторот има вода

 

До -40C

 

во колекторот има антифриз

Гаранцијата за вакуумскиот систем важи само ако тој е приклучен на ел.енергија. Таа го штити од мрзнење.  Овде мора да се догрее водата со ел.енергија преку ноќ за да не замрзне водата во стаклените вакуумски цевки... Кај плочест колектор нема ваков проблем. Таму има антифриз.

 

Кој систем троши повеќе електрична енергија ?

Вакуумски колектор мора да е вклучен постојано на ел.енергија

Не мора да е вклучен на ел.енергија

Самиот вакуумски соларен систем има контролер кој мора 24 часа да е вклучен на ел.енергија. Тој го контролира полнењето на системот, вклучување на ел.грејач и друго. Кај плочестиот колектор вие сами одлучувате кога да вклучите ел.енергија

 Проблем со удар на гром во близина

Да, понекогаш има ваков проблем

Не, нема има ваков проблем

Вакуумскиот соларен систем има голем број на електрични компоненти и тие секогаш се под напон од 220 Волти (ел.грејач) и 12 Волти (сондата) . Колекторот е поставен на кров. Громот се шири пред да удри и ова ел.празнење можно е да направи штета. Нема гаранција за ова кај вакуумски

 

Проблем со мешање  топла и ладна вода

 

Да, понекогаш има ваков проблем

 

Не, нема има ваков проблем

 

Кај вакуумскиот колектор топлата вода е без притисок, а ладната доаѓа под притисок од водоводот. Ако некој пушти ладна вода на друго место, под тушот ќе дојде многу топла вода. Овој проблем го нема кај плочести соларни колектори. Таму  ладна и топла линија се под ист притисок.

Дали казанот на бојлерот издржува директен притисок на водоводна инсталација

Не

Да

Казанот кај вакуумските системи е дебел 0,5 мм. а кај плочестите е 4 мм. Казанот кај вакуумските системи има 3 г. гаранција, а кај плочестите 5 год.

Гаранција, Сервис, Одржување

 

 

 

Проблем со нечиста вода и каменчиња

Да, понекогаш има ваков проблем

Не, нема има ваков проблем

Кај вакуумскиот соларен систем има електромагнетен вентил.  Во него има филтер. Тој  треба да се исчисти од каменчиња ако дојде до ова.

Дали во колекторот се ствара бигор и ја намалува ефикасноста?

Да, со текот на времето се јавува овој проблем

Овде нема ваков проблем во колектор

Во вакуумските стаклени цевки има постојано вода. Над 60 C во стаклената цевка се ствара бигор. Кај плочести колектори има антифриз и нема бигор.

Гаранција

1 год. на електроника, 3 год. на казан

5 год. на бојлер, 7 год. на колектор

 

Век на траење на колектор

       до 5 год.

 (Вакуумот постепено се губи и цевката станува бела)

До 25 год.  (внатре има Бакар, Алуминиум, сигурносно стакло)

За вакуумските цевки не даваме писмена гаранција, но  за плочестот колектор има 7 год.

Ако некој ви нуди вакуумски цевки со век на траење од 15 год,  тоа е несериозна понуда.

Кој соларен систем каде најмногу се бара по региони

Вакуумски систем најмногу се монтираат во Кина

Во Европа 90% се монтираат плочести колектори

 

Во Грција над 95% од соларните системи се со плочести колектори, а  во Кина над 90 %  вакуумски

 

 

 

 

 

 

 

 

tel. 032-606-983   ;   mob.tel. 075-462-473 ;    077-501-843        Stip ,                Posledna revizija na   03 мај, 2016

E mail     z.trajkov@gmail.com                St. "Cveta Jovanova" No 14 ;   2000 Stip,         Rep.of Macedonia